Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Download PDF

Објавено 30 март 2011, во Дневен весник
Print page Политика/ Пари/ Држава

Агенцијата за електронски комуникации ја добива својата зграда

Соња Јованова

Почна изгрдбата на новата зграда на Агенцијата за електронски комуникации која ќе се наоѓа од левата страна на реката Вардар меѓу новиот објект на Јавно обвинителство и централата на Комерцијална банка. Објектот е дел од проектот скопје 2014.

На поставањето на камен темелник Роберт Орданоски, директор на Агенцијата за електронски комуникации изјави дека новата административна зграда е значајна бидејќи треба да ја подобри работата на Агенцијата.

„Приходите од секторот електронски комуникации директно учествуваат во брутонационалниот учествува со 6,1%. Индиректно, пак, преку другите индустрии што ги вклучува ефектот во економскиот раст е уште поголем. Се одлучивме да изградиме нов административен објекјт кој ќе го финансираме со свои средства од буџетот за 2011 и 2012 година. Значи, изградбата на објектот целосно ќе биде финансирана од буџетото на Агенцијата“ рече Орданоски.

Административната зграда на Агенцијата за електронски комуникции ќе се простира на 3.300 метри квадратни површина. Зградата треба да биде изградена во наредните 15 месеци. Градежна компанија Гранит беше избрана да ја гради зградата чија вкупна вредност се проци на 8,5 милиони евра.

Според директорот на Агенцијата, новата зграда ќе заштеди многу, бидејќи досега многу пари се одлевале за изнајмување на простории. Тој најави дека во наредниот период ќе следи нов развој на електронските комуникации, ќе има понуда на нови услуги за крајните корисници, развој на интернет услугите од новата генерација, широкопојасен безжичен пристап и четвртата генерација мобилна телефонија.

Со Бога комуницираме без посредство на Агенција за електронски комуникации

„Комуникацијата со Бога е директна, а за комуникација меѓу луѓето е потребна Агенцијата за електронски комуникации“, рече вчера попот што го осветуваше поставувањето на камен темелникот на новиот објект.

На овој настан вчера присустуваа владините челници предводени од премиерот Никола Груевски. Нему на настанот друштво му правеа министрите Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиевски, Владимир Пешевски, Никола Тодоров и Васко Наумовски и висока делегација од градската управа.

По овој настан премиерот и министрите заедно пеш тргнаа до седиштето на ВМРО-ДПМНЕ со што предизвика голем интерес кај граѓаните.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ 259

Капитал 259