Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Download PDF

Објавено 29 август 2011, во Дневен весник
Print page КОМПАНИИ / ПАЗАРИ / ФИНАНСИИ

Бизнисменот Илија Гечев влегува и во градежништвото

Бизнисменот Илија Гечев, кој е сопственик и директор на фирмата ИГМ трејд од Кавадарци, го шири својот бизнис и во градежништвото.

Неодамна тој заедно со неговата сопруга ја основа фирмата ИГМ констракшн, со седиште во Кавадарци, која ќе се занимава со инженеринг, проектирање и надзор на градби. Фирмата, која има основачка главнина од 5.000 евра, ќе ја раководи Сузана Поповска.

Гечев неодамна најави дека ќе гради нова железарница вредна над 100 милиони евра кај местото Дуброво близу Неготино. Во фабриката која ќе се простира на повеќе од еден милион квадрати ќе се произведува топловалан и ладновалан челик, поцинкувани и пластифицирани лимови. Земјиштето на кое ќе се гради фабриката веќе е во сопственост на ИГМ, а во тек е затворањето на финансиската конструкција за проектот, кој најверојатно ќе се гради со кредити обезбедени преку неколку домашни банки.

Според првичните планови, фабриката треба да се изгради и да почне со работа следната година. Засега се уште не е потврдено дали новата градежна фирма ќе биде ангажирана за изградбата, проектирањето и надзорот на новата фабрика, која треба да отвори околу 1.000 нови работни места.

ИГМ трејд, која произведува челични цевки и профили, е еден од најголемите извозници и меѓу најуспешните компании во Македонија. Минатата година има остварено приход од речиси 72 милиони евра и нето-добивка од околу 10 милиони евра.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ 356

Капитал 356