КОМПАНИИ / ПАЗАРИ / ФИНАНСИИ
Фармацевтската компанија Продис ја зголеми основната главнина
Компанијата Продис ДОО, што ја основаше руската фармацевтска компанија Протек и треба да изгради фабрика за хомеопатски лекови во Бунарџик, ја зголеми основната главнина.
Според податоците од Централниот регистар, Друштвото за производство, трговија и услуги, Продис ДОО од Скопје ја зголеми основната главнина за 125.000 евра.
Како сопственици на компанијата на рускиот фармацевтски гигант во Македонија се јавуваат Коста Димов и Дејан Талевски од Скопје и Видим Јакунин од Москва.
Камен-темелникот на фабриката во Бунарџик беше поставен на почетокот на август. Рускиот инвеститор најави дека во Македонија ќе инвестира пет милиони евра во погон кој ќе се простира на 4.000 метри квадратни и ќе се отворат 130 нови работни места. Во втората фаза, до 2015 година, треба да следува доградба на производствениот објект за уште 3.500 квадрати и 130 нови вработувања. Фабриката ќе произведува хомеопатски лекови и здрава храна.