Како да ја зголемите продажбата со помош на Интернет?

Kapital Academy е нов проект на Kapital Media Group кој се занимава со организирање обуки, работилници и други едукативни активности насочени кон бизнис заедницата, а со визија да прерасне во силно едукациско движење во Македонија.
Kapital Academy организира дводневна РАБОТИЛНИЦА на тема: “Како да ја зголемите продажбата со помош на Интернет?“ која ќе се одржи на 17 и 18 октомври 2011 година (понеделник и вторник) во хотелот “Александар Палас“ во Скопје.
Целта на првата работилница е македонските компании да ги осознаат големите можности за продажба на сопствените производи и услуги кои ги нуди Интернетот. Компаниите кои сфатиле дека успехот во бизнисот денеска зависи во голема мерка од присуството на Интернет, веќе ги жнеат приходите од зголемената продажба.
Интернет маркетингот е реален и остварлив концепт чија цел е да ги донесе вашите идеални купувачи во вистинско време и на вистинско место и да отвори нови можности за вашиот бизнис!
Доколку ова е и Ваша бизнис цел, тогаш оваа работилница е вистинско место за сопственици и менаџери на мали и средни компании , за менаџери за продажба и маркетинг, манеџери за развој и иновации, како и за специјалисти за електронска трговија.
Кои се бенефициите од оваа работилница?
На работилницата "Како да ја зголемите продажбата со помош на Интернет?“ ќе ги научите сите Интернет можности, почнувајќи од сопствената веб страница која само по себе не е продажна алатка, но би можела ба биде ако правилно се користи. Ќе научите како и за што најдобро да го употребите интернет огласувањето кое искомбинирано со големите можности на интернет трговијата, која во Македонија е во силен подем, може да Ви донесе повеќекратна корист. И секако, социјалните медиуми се неодминливи и препорачливи канали за зголемување на визбилноста, градење на брендот и неговата посакуваност што на крај на ден ќе ви донесе повеќе купувачи и клиенти!
Предавачи на работилницата
ДАРКО БУЛДИОСКИ
долгогодишен предавач, консултант и тренер во областа на новите медиуми. Еден од ко-основачите на New MediaMK, интернет маркетинг агенција и
МИТЕ КУЗЕВСКИ
ко-основач на New MediaMK со повеќегодишно искуство како интернет консултант.
Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 12 октомври 2011 година (петок).
Цената за еден учесник изнесува 10.500 денари без ддв.
За секој втор учесник од иста компанија следува попуст од 10% а за секој нареден учесник следува 15% попуст.
Превземете Агенда, Пријавен лист и Листа на материјали:
Агенда
Пријавен лист
Листа на материјали за учесниците на работилницата
За сите дополнителни информации во врска со работилницата слободно контактирајте со:
Гордана Михајловска
Дијана Гулакова
Тел. + 389 2 3298 110
e-mail: akademija@kapital.com.mk
Следни настани:
4 - 5 Ноември 2011 година - “Финансиските извештаи како алатка за деловно одлучување –
подготовка и анализа”
18 Ноември 2011 година - “Меѓународно двојно оданочување”
24 - 25 Ноември 2011 година - “Дефинирајте извозна стратегија и стекнете нови алатки за
зголемување на извозот!“
15-16 Декември 2011 година - “Планирање на паричните текови и планирање и буџетирање на идни активности”
