Обликувајте го Вашето знаење!
ERP Concept и Team Training Solutions Ви претставуваат:
„Обликувајте го Вашето знаење. Најновите трендови и технологии за е-Учење“
Конференција, посветена на новите технологии за е-Учење, подготвување на документација и трансфер на знаење.
22 Февруари 2012
Хотел Александар Палас, Скопје
Целта на конференцијата е да ги претстави најновите технологии за изготвување на IT и не-IT е-Учења, поделба на искуства на македонски и европски компании во областа на е-Учење и трансфер на знаење. Освен тоа, софтверскиот производ за подготовка на е-Учење и документација TT Knowledge Force ќе биде официјално претставен за прв пат во Македонија.
Научете
Дали е можно во еден чекор да создадете истовремено симулација, електронско учење и документација? Дали е можно да го правите тоа постојано, заштедувајќи време и пари?
Дали е можно во еден чекор да обучите истовремено стотици вработени на различни места во светот? Дали е можно да го задржите знаењето на Вашите најдобри вработени , постојано споделувајќи го со целата организација?
Дали е можно да ги намалите расходите и времето за изготвување на обуките и документацијата до 50%? Дали е можно сами да подготвувате квалитетно е-Учење и интерактивна документација?
Дали е можно се ова да биде успешно?
Откријте
Беспрекорна документација за ИТ апликација сеуште претставува Светиот Грал – но обемните прирачници се испратени во историјата благодарение на новите технологии за е-Учење.
Откријте ги решенијата кои ќе Ви помогнат да ги претворите Вашите вработени во најдоброто оружје на Вашата компанија.
Споделете
Регистрирајте се за конференцијата сега и споделете го искуството во е-Учење со водечките македонски и европски компании.
Создадете нови бизнис контакти и споделете идеи со Вашите колеги и пријатели.
Видете кои се најновите трендови и технологии за подготвување на е-Учење.
Пробајте
За време на конференцијата ќе имате единствена можност да ја испробате најновата верзија од TT Knowledge Force и да креирате истовремено е-Учење, симулација и документација.
Регистрирајте се до 10 Февруари и добијте бесплатно е-Учење*.
( * учесниците кои ќе се регистрираат до 10 Февруари ќе добијат бесплатно е-Учење и документација за крајни корисници за една процесна фаза во ИТ системот на својата компанија. Времетраењето на бесплатното е-Учење ќе биде до 15 минути )
Учеството е бесплатно по регистрација на
akademija@kapital.com.mkПревземете Агенда:
Агенда
Пријавен лист
Настанот е специјално наменет за:
• HR специјалисти и менаџери
• IT менаџери од различни индустрии
• Претставници на високообразовни институции
• Управители и сопственици на компании
• Обучувачи
