"КАКО И КАДЕ ПОВЕЌЕ И ПОДОБРО ДА ИЗВЕЗУВАМЕ! ПЕРСПЕКТИВИ ЗА 2012 ГОДИНА!"

КАПИТАЛ АКАДЕМИЈА ВИ НАЈАВУВА
ПРВА РАБОТНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ИЗВОЗ ЗА 2012
"КАКО И КАДЕ ПОВЕЌЕ И ПОДОБРО ДА ИЗВЕЗУВАМЕ!
ПЕРСПЕКТИВИ ЗА 2012 ГОДИНА!"
29 февруари 2012 година, хотел Александар Палас Скопје
На 29 февруари Капитал Академија, членка на Капитал Медиа Гроуп ја организира Првата работна конференција за извоз за 2012 насловена “Како и каде повеќе и подобро да извезуваме! Перспективи за 2012 година!”
Целта на конференцијата е да им се помогне на извозните компании во Македонија да го зголемат извозот, да ги подобрат извозните капацитети и да најдат нови и потенцијални извозни пазари. На Конференцијата ќе учествуваат претставници на клучните министерства, институции, банки, како и извозни компании кои со конкретни мерки, совети и искуства ќе им отворат нови видици на македонските извозици.
Во време на криза извозот е единствениот спас за Македонија. Годинава која се очекува да биде многу неизвесна, мора сите заеднички да работиме за поддршка на македонскиот извоз.
Затоа, ги повикуваме сите институции и компании да земат учество на оваа конференција и да им помогнат на извозните компании во остварувањето на најважната мисија за годинава- Како и каде повеќе да извезуваме!
Конференцијата ќе ја отвори г-дин Ваљон Сараќини, министер за економија на Република Македонија.
КЛУЧНИ ТЕМИ НА КОНФЕРЕНЦИЈАТА:
ПРВ ПАНЕЛ:
• Итни мерки и субвенции со кои може да се поддржи извозот на македонските компании!
• Како да се ублажат последиците за компаниите од намалените нарачки од странство?
• Што компаниите меже да очекуваат мод новата СТРАТЕГИЈА ЗА ПРОМОЦИЈА НА ИЗВОЗОТ?
• Kако извозните промотори да се стават во функција на поголем извоз?
• Како да си ги олесните царинските постапки и процедури?
• Кои други мерки се потребни на македонските извозни компании?
• Како да ја зголемите конкуретноста на странските пазари?
• Како да се освојат БАЛКАНСКИТЕ ПАЗАРИ (искуства)!
ГОВОРНИЦИ:
- Ванчо Каргов, Директор на Царинска Управа на Р.Македонија
- Биљана Д.Стојановска, Државен советник за евроинтеграции и меѓународна соработка во Министерство за економија
- Крум Ефремов, Државен советник во Министерство за надворешни работи и директор на Директорат за економска дипломатија
- Висар Фида, Директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот
- Кирил Миноски, Сениор советник / Лидер на компонентата за промоција на извозот во рамки на
Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот
- Минчо Јорданов, Претседател на Бордот на директори на Макстил АД Скопје
- Шефки Идризи, Директор на Ренова, Тетово
- Претставници од извозни компании
ВТОР ПАНЕЛ:
• Oсигурување на извозот (како се осигурува извозот, кој осигурува, зошто е потребно осигурувањето - искуства и придобивки)
• Факторинг и откуп на побарувањата! Што е тоа?
• Извозни програми и кредити кои ги нуди МБПР (Македонската банка за поддршка на развојот)! Детална анализа на понудата на оваа државна банка!
• Како средствата од ИПАРД (Програма на Европската Унија) да се стават во функција на зголемување на извозот?
• Какви кредити и услови нудат македонските комерцијални банки за извозните компании?
Има ли Проектно финансирање од страна на банките за добри извозни проекти!
ГОВОРНИЦИ:
- Маргарита Делева, Државен советник во Министерството за земјоделие и Раководител на телото за управување со ИПАРД
- Александар Станојковски, Директор на сектор за кредитирање и гаранции во Македонска банка за поддршка на развојот
- Ристо ХаџиМишев, Главен економист во Стопанска банка АД Скопје
- Александар Шапкаров, Повисок самостоен референт, Дирекција за девизни кредити во Комерцијална банка АД Скопје
- Претставници од банкарскиот сектор
ТРЕТ ПАНЕЛ (РУСИЈА И АРАПСКИТЕ ПАЗАРИ) – НОВИ МОЖНОСТИ!
• Што се менува со влезот на Русија во СТО за македонските извозни компании и производи?
• Како да поставите успешна стратегија за извоз во Русија и поранешните руски републики?
• Како да најдете локален партнер и да се претставите во Русија?
• Потенцијали и можности за трговија со Украина
• Како да се искористат поволностите од бесцаринските договори со ЦЕФТА и да се зголеми извозот во регионот?
• Арапските земји –новите пазари кои ги отвори арапската пролет
• На кои пазари најдобро поминуваат македонските производи?
ГОВОРНИЦИ:
- Биљана Д.Стојановска, Државен советник за евроинтеграции и меѓународна соработка во Министерство за економија
- Крум Ефремов, Државен советник во Министерство за надворешни работи и директор на Директорат за економска дипломатија
- Валериј Кокот,Раководител на одделение за економски прашања на Амбасадата на Украина во Македонија, прв секретар
- Промотор на Р.Македонија во Русија
- Дејан Бешлиев, Директор на Македонско-руска стопанска комора
- Благој Дончев, Генерален директор на Адинг АД Скопје
- Глигор Цветанов, директор на Макпрогрес Виница
- Димитар Стојменовски, Менаџер на медицински маркетинг, Алкалоид АД Скопје
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОВАА КОНФЕРЕНЦИЈА
• За сите компании кои извезуваат на странски пазари!
• По сектори тоа би биле: Извозници на храна и пијалоци, Извозници на овошје и зеленчук, Кондиторска индустрија, Конзервна индустрија, Фармацевтска индустрија, Металопрепработувачка индустрија, Тутунска индустрија, Градежни материјали!
• Конференцијата е наменета за сите професионалци во извозот – основачи на компании, извршни директори на компании, раководители на сектори за продажба, комерцијалисти, аналитичари на извозот, истражувачи на странските пазари, претприемачи кои започнуваат со бизнис.
• Трите панели (модули) се така структурирани како би ги содржеле сите потребни информации, а има и простор за прашања и дилеми, со што учесниците и слушателите би се здобиле со потребни знаења и нови информации!
ЦЕНА НА КОТИЗАЦИЈА
Котизацијата за настанот ќе биде 6.200 денари + ддв (7.316 денари вкупно)
За секој втор учесник од иста компанија следува 10% попуст а за секој трет и повеќе – 15% попуст на котизација.
За сите претплатници на Капитал следуваат дополнителни 5% попуст.
Превземете Агенда и Пријавен лист:
Агенда
Пријавен лист
ЛИЦА ЗА КОНТАКТ
За сите дополнителни информации во врска со конференцијата слободно контактирајте со:
Гордана Михајловска
Дијана Гулакова
Тел. + 389 2 3298 110
e-mail: akademija@kapital.com.mk
