Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 15 април 2011, 12:21, во Македонија
Share |
Print page 13 милиони евра дадени на приватни фирми

Во Македонски Шуми врие од директори, нема работници

Александар Јанев
Во Македонски Шуми врие од директори, нема работници

Јавното претпријатие Македонски шуми има вработено повеќе од 50 директори, исто толку нивни возачи, голем број секретарки, економисти, правници и службеници, но нема доволно стручен кадар за да ги извршува основните дејности на претпријатието. На платниот список на претпријатието има околу 2.500 вработени, за кои месечно за плата се трошат повеќе од 1,1 милиони евра.


Откако “Капитал“ објави дека само во 2010 година Македонски шуми потрошило повеќе од 13 милиони евра за да им плати на приватни фирми за сеча и транспорт на дрва, поранешни директори тврдат дека причината што ова претпријатие нема капацитет да ги извршува задачите е што има пренатрупано несоодветен кадар. Ниту една влада досега не го реформираше претпријатието за да го исчисти од превработеност.


“Сe уште се вработени и луѓе кои не се способни да ја извршуваат зададената работа, но се толерираат и земаат плати. Изобилува несоодветен кадар, а недостига стручна работна сила за работата за која се ангажираат приватни фирми. Мора конечно да почне трансформацијата на ова претпријатие за да се исчисти од сите загуби од лошото работење со години“, коментира еден поранешен директор на Македонски шуми.


Актуелниот директор, Жарко Караџоски, го призна проблемот со превработеноста. Според него, работниците во јавните претпријатија се заштитени со многу колективни договори и со утврдена минимална плата и се пожали дека не може да ги натера неговите работници да отидат во планина да сечат дрва.


Експертите коментираат дека клучно за развојот на јавните претпријатија е тие да се реформираат и да почнат да работат профитабилно. Конкретно за Македонски шуми веќе е доставен предлог до Владата за трансформација на претпријатието. Директорот Караџоски сугерира да се примени австрискиот модел, кој подразбира концесијата и заштитата на шумите да останат во работните задачи на јавното претпријатие, а комерцијалниот дел преку јавно-приватно партнерство да го работат заедно со приватни компании.


Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 782


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ