Алармантен одлив на високообразованите кадри
И од диплома од надвор нема фајде дома

Дека земјава недоволно се грижи за сопствениот квалитетен кадар доказ е и непостоењето на национална стратегија со која ќе се сертифицираат неформалните знаења стекнати во странство
Државата не ги користи потенцијалите на високообразованите кадри кои заминале од државата, но решиле повторно да се вратат назад за да придонесат за македонската економија. Доказ за ова е последното истражување на Центарот за истражување и креирање на политики, според кое речиси 92% не добиле никаква помош од државата, додека 43,2% од испитаниците одговориле дека никој не е заинтересиран за нивната диплома и знаење кога ќе се вратат во државата. Ова упатува на несоодветните политики на државата за реинтеграција на ваквите кадри.
“Не постојат никакви владини, ниту пак, неформални механизми за поддршка на повратниците. Има големо разочарување кај нив откако ќе се вратат дома. Истражувањето наиде на големи методолошки проблеми од аспект на немање соодветна статистика, систем за следење на повратниците и конкретно за нашиот случај, видовме дека доколку по средното образование не продолжите да студирате во земјава, системот не ве следи. Не знаеме колку луѓе од странските земји годишно се враќаат во државата“, вели претставникот на Центарот, Ристе Змејковски...
Целиот текст може да го прочитате тука.