Владата 32 пати промовираше книги, студентите уште учат на српски јазик

Се случија повеќе од триесет промоции на преводи на книги од странските автори, за кои беа потрошени неколку милиони евра. Студентите на некои факултети, пак, учат од книги од 1978 година!
Министерството за образование годинава планира да потроши нови 3,1 милион евра за преводи на книги од странските универзитети, дознава „Капитал“. Во меѓувреме, основната литература која е потребна за студиите на многу факултети е застарена и на странски јазик.
„Капитал“ ги посети книжарниците, библиотеките и фотокопирниците низ факултетите на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, каде што студентите секојдневно доаѓаат да фотокопираат книги кои датираат од 70-тите години на минатиот век и се на српски и на бугарски јазик!
На Институтот по историја на Филозофскиот факултет, на пример, од четириесетина предмети што се предаваат само десетина имаат литература на македонски јазик. Од 20.000 до 30.000 страници, само 500 се на македонски јазик, велат студентите...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.