Секој снежен ден носи милионски загуби за економијата
Дејан Азески

Во бизнисот нема толеранција за блокадите од снегот. Клиентите бараат испорака на платените услуги навреме, а компаниите се оневозможени во целост да ги исполнат, што ги носи во опасност претходно склучените договори. Најголем е ударот на шпедитерските и транспортните компании.
Илјадници македонски камиони се парализирани на паркинзите и на самите коловози низ цела Европа.
Билјана Муратовска, претседател на здружението на транспортери Макамтранс, смета дека многу е мал прагот на толеранција и разбирање кои го имаат клиентите од Западна Европа за временските услови.
„Ако снегот влијае на некого тогаш влијае и на нас. Имаме камиони заглавени низ цела Европа, а клиентите, ниту домашните ниту странските немаат никаво разбирање. Логично е дека ако нема услови на патиштата не треба да се вози и треба да се стопираат налозите. Ваква снежна блокада не паметиме во скорешното вработење. И низ земјава и во странство блокирани се сите планински превои, сите гранични премини. Очигледно е дека зимава многу скапо ќе нe чини...
Целиот текст може да го прочитате
ТУКА.