Земјоделското осигурување на ниски гранки
Само 1,2% од земјоделците ги осигурале имотите лани

Само четири осигурителни компании во земјава нудат земјоделско осигурување, што покажува дека друштвата не се доволно заинтересирани за овој бизнис. Свеста кај многу земјоделци се уште е неразвиена. Вообичаено, преовладуваат сфаќањата дека осигурувањето на земјоделските посеви е скапо или пак, постојат стари навики и очекувања дека доколку се случи некоја временска неприлика, државата ќе ги обесштети
Ниту субвенционирањето на 60% од полисата за земјоделското осигурување, ниту пак, кампањата на Министерството за земјоделство за подигнување на свеста кај земјоделците да го осигураат своето производство не ги даваат очекуваните резултати. Според податоците од Агенцијата за супервизија на осигурување, само 1.456 земјоделци, што е 1,2% од вкупниот број регистрирани земјоделци во земјава, лани ги осигурале земјоделските посеви. Вкупната бруто-полисирана премија по тој основ лани изнесува 530 илјади евра, од кои 320 илјади евра ги покрива Владата.
Причините за слабиот одѕив на земјоделците за осигурување на лозовите насади, житните, градинарските култури или на тутунот може да се лоцираат кај сите засегнати страни. Прво, само четири осигурителни компании во земјава нудат земјоделско осигурување, што покажува дека друштвата не се доволно заинтересирани за овој бизнис. Свеста кај многу земјоделци се уште е неразвиена. Вообичаено, преовладуваат сфаќањата дека осигурувањето на земјоделските посеви е скапо или пак, постојат стари навики и очекувања дека доколку се случи некоја временска неприлика, државата ќе ги обесштети.
“И покрај штетите што постојано ги трпат од поплави и од невреме, земјоделците покажуваат многу слаб интерес за осигурување на нивното примарно производство. Субвенциите на државата за осигурување на примарното земјоделско производство изнесуваат дури 60% од вредноста на осигурителната полиса, но земјоделците не ја користат можноста да ги осигураат своите посеви со ран и индустриски зеленчук, лозовите и овошните насади, тутунот, житните и другите земјоделски култури, а при евентуално невреме бараат државата да им ги надомести штетите. Мерката за учество на државата во земјоделското осигурување е воведена од 2008 година, но субвенциите за оваа намена засега ги користат незначителен број земјоделски производители, со образложение дека немаат доволно пари за покривање на нивниот дел, односно 40% од учеството за добивање осигурителна полиса“, коментираат осигурителите.
Повеќето осигурителни компании ги заобиколуваат земјоделците, бидејќи станува збор за поризична категорија осигуреници, велат осигурителите. Се преговара, покрај од пожар, поплава и од громови, осигурителните компании да вклучат и ризици како мрзнење на посевите...
Целиот текст може да го прочитате во бизнис магазинот "КАПИТАЛ И МЕНАЏЕР" од 04 април 2012 година (среда).