ОРГАНИЗИРАНО ОД

Капитал изданија

Прва Маркетиншка Конференција

Капитал Академија, членка на Капитал Медиа Гроуп, со задоволство ве информира дека на 8 јуни 2012 година ќе биде домаќин на првата маркетиншка конференција во Македонија.

Конференцијата “Брендови: патот до потрошувачот“ има за цел да ја зголеми свесноста во македонската бизнис-заедница за тоа колку силните и посакувани брендови ја зголемуваат продажбата, извозот, корпоративниот имиџ и лојалноста на потрошувачите и на деловните партнери.

Како се создаваа дел од најпознатите македонски и интернационални брендови? Што се е потребно за да креирате успешен бренд и кој може да ви помогне во овој процес? Како стратешки да размислувате кога носите одлука дали и кога да лансираат нов бренд? Како размислува менаџментот во бренд-ориентираните компании?

Ова се само дел од прашањата на кои ќе ви одговорат креаторите и носителите на некои од познатите македонски брендови на овој исклучително важен бизнис настан!

Во првиот панел “Како брендот да “работи“ за вашиот бизнис?“ , веднаш по излагањето на главниот говорник Џејсон Ромејко, интернационален креативен директор на Saatchi&Saatchi за брендот T-Mobile кој во Скопје доаѓа во соработка со маркетинг агенцијата Публицис, компании Алкалоид, Тиквеш, Макпрогрес, Порше Македонија, како и регионалниот директор на Кока-Кола за Адриатик регионот ќе презентираат специфични аспекти на брендовите и нивното влијание врз успешното работење на компаниите.

Како се повторува успехот на еден бренд преку екстензија на производи од истиот бренд ќе објасни Милош Радуловиќ, менаџер од Алкалоид, кој преку примерот на Кафетин ќе илустрира како овој бренд стар 55 години, го повторува успехот со екстензиите Кафетин Колд и Кафетин Менструал.

Случајот со брендот Шкода, кој со текот на годините го изгубил својот “сјај”, а со подобрување на имиџот сега постигнува голем пораст на продажбата на европските пазар, ќе го раскаже Миле Станчев, бренд менаџер на Шкода во Порше Македонија.

Како брендот отвара нови пазари ќе дознаете од искуството на винарницата Тиквеш со винскиот бренд Т’га за југ, добро познато вино на екс-ју пазарите кое практично служи како “носач на авиони” за останатите вински брендови од оваа винарница, што е уште една потврда дека силните, моќни и препознатливи брендови многу помагаат при извозот и го олеснуваат продорот на пазарите.

А како се раѓа и подигнува нов бренд во Македонија како што е “Винчини”, ќе раскаже Глигор Цветанов, извршниот директор на Макпрогрес.

Во ова сесија Наташа Ѓурѓевиќ, регионален директор на Кока-Кола за Адриатик регионот ќе покаже дека силината и магијата на еден бренд не се креира еднаш и засекогаш, туку е неопходно постојано да се одржуваат и надградуваат. Токму тоа е и магијата на најпознатиот глобален бренд Кока-Кола!

Во вториот панел “Маркетингот во функција на вашиот бренд“ компаниите, маркетинг-агенциите и истражувачките куќи преку практични примери со македонски брендови ќе дебатираат за улогата и за односот на компаниите со маркетинг-агенциите и со истражувачките агенции во процесот на брендирање, внесување нови брендови на пазарот, со цел да се прикаже каква поддршка имаат компаниите во тој процес.

Кој во компаниите е задолжен за креирање нови брендови, како изгледа процесот на брендирање, колку време, енергија и средства се потребни за креирање нов бренд, се дел од прашањата на кои ќе дебатираат директорите на Публицис, Александра Дилевска Симова, на New Moment, Сашо Пешев, на McCannErickson, Владимир Димовски, како и на истражувачката агенција ГФК, Весна Кузмановиќ заедно со Сашо Наумоски, генерален директор на Витаминка од Прилеп, Димитар Ковачевски, директор за комуникации во T-Home и T-Mobile, претставник од винарницата Стоби и Милош Радуловиќ, менаџер во Алкалоид.

“макБРЕНДонија“ е насловот на третиот панел на конференцијата на кој еминентни и веќе докажани “амбасадори” на земјата заедно со претставници од надлежните државни институции ќе дебатираат за тој кој, како и колку ја претставува Македонија во светот и како тие активности да се координираат на едно повисоко ниво со цел Македонија да стане препознатлива „бренд“- земја.

 

Датум и место:
08 јуни 2012, хотел Александар Палас, Скопје

Kраен рок за регистрација:
28 мај 2012

Цена за котизација:
9.800,00+ДДВ

Цена во пред-продажба, за регистрација до 15 мај 2012
 7.840,00+ДДВ

8:30-9:00

 Регистрација на учесници

9:00-9:15

 ОТВАРАЊЕ на конференцијата

9:15-10:30

 Излагање на главниот говорник, JASON ROMEYKO,
 интернационален креативен директор на Saatchi&Saatchi за брендот T-Mobile

10:30-10:45

 Кафе пауза

10:45-12:15

 ПРВ ПАНЕЛ
“Како брендот да “работи“ за вашиот бизнис?”

12:15-12:30

 Кафе пауза

12:30-14:00

 ВТОР ПАНЕЛ
“Маркетингот во функција на вашиот бренд“

14:00-15:00

 Ручек

15:00-16:30

 ТРЕТ ПАНЕЛ
“макБРЕНДонија- еден поинаков поглед“

ГЛАВЕН
ГОВОРНИК


Капитал во соработка со Saatchi&Saatchi
членка на Publicis Groupe
ви го претставува


JASON
ROMEYKO

Интернационален
креативен директор
на агенцијата Saatchi&Saatchi
за брендот T-Mobile!

Џејсон Ромејко ја започна својата долгогодишна кариера во Saatchi & Saatchi во 1993 година, како писател на рекламен материјал. Оттогаш, работел во повеќе канцеларии на Saatchi ширум светот, меѓу кои и канцелариите во Сиднеј, Франкфурт, Варшава, за во 1998 година да стигне до директорска позиција.

Во 2003 година, се пресели во Москва за да помогне при отворањето на првата канцеларија во целосна сопственост на Saatchi & Saatchi во Русија. Откако агенцијата порасна од 3 на 56 луѓе, неговата руска авантура заврши на почетокот од 2006 година, кога компанијата беше прогласена за најдобра креативна продавница во земјата. Наредните година и половина ги мина во Полска, како извршен креативен директор на Saatchi во Варшава, со додатна лидерска одговорност за сите пазари во Централна и Источна Европа.

Во 2007 година, Џејсон, со својата енергија и куп награди, замина за Виена, на позицијата европски креативен директор за Saatchi & Saatchi во Европа и беше одговорен за Deutsche Telekom и нивниот бренд, T-Mobile. Во послениве неколку години, Џејсон работеше на кампањата Life Is For Sharing, која освои повеќе награди. Неговото дело е вклучено во петте најсподелувани реклами на сите времиња, а работеше и на спотот на Кејти Пери за песната „Firework“, кој во 2011 година ја освои наградата „Музички спот на годината“ на MTV.

Џејсон течно зборува шест јазици и неодамна се пресели во Берлин.

ПРВ ПАНЕЛ
Како брендот да “работи“ за вашиот бизнис?

 Coca-Cola - Наташа Ѓурѓевиќ, регионален директор за Adriatic регион
 ВВ Тиквеш - Радош Вукичевиќ, маркетинг менаџер
 Порше Македонија -  Миле Станчев, бренд менаџер за Шкода
 Макпрогрес - Глигор Цветанов, извршен директор
 Алкалоид - Милош Радуловиќ, менаџер на ОТЦ дивизија

ВТОРА ПАНЕЛ-ДИСКУСИЈА
Маркетингот во функција на вашиот бренд

 Публицис- Александра Дилевска Симова, директор
 New Moment - Сашо Пешев, директор
 McCann Erickson - Владимир Димовски, директор
 ГФК- Весна Кузмановиќ, директор
 Алкалоид - Милош Радуловиќ, менаџер на ОТЦ дивизија
 Македонски Телеком - Димитар Ковачевски, директор за комуникации на Т-Хoмe и Т-Мобиле Македонија
 Витаминка - Сашо Наумоски, генерален директор 
 Винарница Стоби - Никола Деребанов, Член на Надзорен одбор

ТРЕТ ПАНЕЛ
макБРЕНДонија

 Лабина Митевска, директор на фестивал Браќа Манаки (модератор)  
 Елизабета Канческа Милевска, министер за култура на Р. Македонија
 Љупчо Зиков, директор и главен уредник на Капитал Медиа Гроуп
 Виктор Мизо, директор на Дирекција за технолошки индустриски развојни зони
 Иво Лауренчиќ, основач и партнер во Idea Plus Communications

 

Што велат дел од учесниците на овие теми прочитајте на следниот линк!

 

Зошто да бидете спонзор на Првата Маркетинг конференција?

Конференцијата „Брендот: патот до потрошувачот“ е настан од исклучително голема важност за бизнис-заедницата во Македонија. На 8 јуни во Скопје на едно место ќе бидат собрани првите луѓе на најголемите и науспешни македонски компании, бренд-менаџери на познатите македонски и интернационални брендови, маркетинг-експерти... Вистинско место за претставување на вашата компанија и на вашите брендови пред одбрана и таргетирана публика.

Овој настан, со интенција да прерасне во традиционален, е местото каде што преку вашето спонзорство ќе постигнете поголема визибилност. Преку презентација на компанијата и/или поставување на вашето лого на сите печатени и визуелни материјали на конференцијата можете повеќе да се доближите до нашата избрана публикa на овој настан.

Но, таргетот не е само тој. Преку детално и опширно известување за настанот во сите изданија на Капитал Медиа Гроуп, имате голема шанса пораките кои сакате да ги испратите да стигнат до многу поголема публика.

Формата и обемот на спонзорството можеме заеднички да ги креираме со цел да ја постигне посакуваната цел и да биде во сооднос со вашата промоциска стратегија.

Во прилог ви доставуваме неколку пакети за поддршка на конференцијата:

Генерален покровител

Златен партнер

Сребрен партнер

Партнер

Поддржувач

Креативен партнер

Медиумски партнер

За повеќе информации контактирајте нè на:

Tel: +389 2 3298110
Fax: +389 2 3298111
e-mail: akademija@kapital.com.mk

Лица за контакт:

Директор на Капитал Академија:

Гордана Михајловска
Tel: +389 2 3298110, лок.202
e-mail: mihajlovska@kapital.mk

Продажба и спонзорство :

Гулакова Дијана
Tel: +389 2 3298110, лок.105
e-mail: gulakova@kapital.mk

Бобан Ѓорѓиевски
Tel: +389 2 3298110, лок.105
e-mail: akademija@kapital.com.mk

Александра Стојменова
Tel: +389 2 3298110, лок.103
e-mail: aleksandra@kapital.mk

 

Цена за котизација:
9.800,00+ДДВ

Цена во пред-продажба, за регистрација до 15 мај 2012
7.840,00+ДДВ

 Kраен рок за регистрација е 1 јуни 2012 година

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА:
e-mail: akademija@kapital.mk
tel: +389 2 3298 110

ФОРМУЛАР ЗА РЕГИСТРАЦИЈА:


СПОНЗОРИ

МЕДИУМСКИ ПОКРОВИТЕЛИ